Connect with us

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280.

Податоците укажуваат дека електронскиот начин на плаќање е поприфатлив за правните лица, кои од вкупниот број електронски трансакции со кредитни трансфери реализирале 1.771.544, додека, пак, физичките лица иницирале 14,4 отсто од електронските трансакции со кредитни трансфери или 297.736 трансакции.

Од реализираните електронски плаќања преку мобилен во септември 2018 година се остварени над 66 илјади.

Објавените податоци, сепак, покажуваат дека од година во година има раст на трансакциите со кредитни трансфери иницирани преку мобилен, така што во 2017 година почнуваат од 25.597 во јануари и во последниот месец достигнувале 54.897, а во 2016 година во првиот месец се реализирале 13.085 и достигнале 29.367 во декември 2016 година.

Анализи

Која компанија подготвува нешто ново, единствено и достапно преку мобилен телефон?

Објавено

на

Изминатиов период на македонските портали и телевизиски канали се појавија реклами за тоа дека се подготвува нешто ново, прво и единствено на пазарот што е достапно со клик на мобилен телефон. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Вистиномер го осуди политичкиот прогон насочен кон Нина Ангеловска

Објавено

на

По објавата на гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска Бежовска дека ја одзема дозволата за работа на „Еуростандард Банка АД Скопје“, актуелната опозициска партија излезе со една прес-конференција и со едно соопштение, а во соопштението има изјава која може да се оцени како недоследна. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно