Connect with us

Анализи

Македонците потрошиле 133,7 милиони евра онлајн во текот на 2018 година!

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба заклучно до 31.12.2018 година.

Согласно податоците за реализирани трансакции во текот на 2018 година, објавени на веб страната на НБРСМ бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува дека е-трговијата во земјава е во пораст. Во текот на 2018 година реализирани се вкупно 5.435.285 онлајн трансакции, спрема 4.293.214 онлајн трансакции во текот на 2017 година што претставува пораст од 21%. Од аспект на вредноста на трансакциите, исто така се забележува пораст. Во 2018 година вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба изнесува 139 милиони евра (8.554.339.610,00 денари), што во споредба во 2017 година кога се реализирале 113 милиони евра (6.946.126.105,00 денари) претставува пораст за 18.79%.

Македонците во текот на 2018 година стекнале се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, може да се забележи од порастот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, кон домашни и странски онлајн трговци. Имено, во текот на 2018 година македонците потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 23,8 милиони евра (17,8%) во однос на претходната година.

Во оваа категорија, евидентно е дека поради ограничената понуда на производи и услуги кои се нудат онлајн во Македонија, поголем дел од трансакциите се насочени кон странски веб страни, односно странски онлајн продавници. Конкретно, 64% од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 36% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија.

Анализи

Банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен во Македонија!

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор бележи послаби финансиски резулатати од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2020 година три се банки, од кои сите три се наоѓаат на првите три места по заработката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!

Објавено

на

Во Македонија има 1.301 премиум пензионери односно пензионери на коишто распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592,00 до 53.691,00 денари во зависност од годината кога го стекнале правото на пензија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се најплатените професии во земјава?

Објавено

на

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за септември просечната исплатена нето плата во земјава била 27.405 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку над државниот просек. (more…)

Продолжи со читање

Популарно