Криптовалути
МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“.
Според таа анализа, инвеститорите во криптовалути сочинуваат 1,9 проценти од населението во Србија, додека на второ место се жителите на Словенија, кои се 1,7 проценти од вкупното население.
Криптовалутите се во сопственост на 1,6 проценти од населението во Хрватска, 1,4% во Босна и Херцеговина, а 1,3 проценти од населението во Северна Македонија инвестирало во виртуелни пари, покажуваат податоците на „TripleA“.
„Криптовалутите покажаа значителна нестабилност во 2022 година, одејќи рака под рака со негативниот став на глобалните инвеститори кон ризикот“, заклучи аналитичкиот тим на „Bloomberg Adria“.
„Bloomberg Galaxy Crypto Index“, како што наведоа, е намален за 54 проценти од почетокот на годината, но неодамна забележа пораст од 43 проценти во однос на крајот на првата половина на 2022 година.
„Се претпоставува дека постои среднорочен потенцијал за раст, со оглед на привлечното ниво на цени за влез во крипто-средствата“, наведуваат аналитичарите на „Bloomberg Adria“.
Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје