Анализи
МАКЕДОНЦИТЕ ВО НЕПОТРЕБНА ПАНИКА, купуваат странски валути и се ослободуваат од денарите!?

Според сознанија на порталот Банкарство.мк, деновиве во менувачниците и банките има зголемена побарувачка за странски валути, пред се за долари и британски фунти, а тоа може да се забележи и од зголемувањето на официјалниот среден курс на овие валути.
Од Народната банка со денови уверуваат дека стабилноста на денарот не е, ниту пак ќе биде доведена во прашање, уверувајќи дека НБРСМ располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви.
„Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност“, изјави вицегувернерката Нацевска.
Од Народната банка потенцираат дека граѓаните не треба да се грижат, ниту непотребно да паничат и без потреба да подигнуваат депозити од банките каде што средствата се најсигурни. Сепак, посочуваат дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите – дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор.
„Деновиве се чувствува зголемената побарувачка за странски валути, пред се американските долари кои во изминатиов период ја зголемија својата вредност во однос на останатите светски валути. Зголемена е побарувачката и за британските фунти, како и за единствената европска валута – еврата”, велат од една позната скопска менувачница, притоа додавајќи: „Евра имаме на залиха и можеме да ги задоволиме побарувањата, но речиси и да немаме залиха на долари и фунти. И таа мала количина што ја имаме, веднаш се продава”.
По овие сознанија, се поставува прашањето дали да се слушаат надлежните и да не се подигнуваат непотребно парите од банките или луѓето да се водат по теоријата каде што има чад има и оган, па да се побрза кон најблиската менувачница или банка во потрага по странски валути!?
Нашиот совет е дека нема простор за паника, дека не треба панично да се подигнуваат депозитите од банките, ниту пак непотребно да се разменуваат македонските денари во странски валути. Потребно е да се слушаат надлежните органи, кои најдобро ја знаат состојбата во државата. Оние кои постапуваат спротивно на овие укажувања многу често доаѓале во ситуација да ги изгубат каматите од банките, па дури и да имаат помала количина на паричен капитал, губејќи на курсни разлики од префрлувањето од една во друга валута.
Анализи
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ (more…)
Анализи
ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата. (more…)
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје