Connect with us

Кредити

Македонско кредитно биро: Проверете ја од дома компанијата со која сакате да соработувате

Објавено

на

Македонско кредитно биро (МКБ), првото приватно кредитно биро во Македонија, на граѓаните им нуди можност за чисти сметки и сигурни планови преку Извештај за бонитет кој овозможува брз и лесен пристап до податоци за сегашните и/или потенцијални деловни партнери.

-Заради ваша заштита, останете дома, но не ја заборавајте сигурноста на вашиот бизнис. Проверете ја компанијата со која сакате да соработувате, како и досегашните соработници со помош на Корпоративниот извештај на МКБ, кој може да се добие онлајн многу едноставно и брзо.Наша цел е со Корпоративниот извештај да ви овозможиме брз и лесен пристап до податоци кои ќе Ви помогнат да донесувате подобри бизнис одлуки, да ги подобрите секојдневното работење, да ја зголемите продажбата и да го намалите ризикот преку селекција на солвентни клиенти и партнери. Побарајте Корпоративен извештај и добијте ги сите релевантни податоци за:

1. Семафор-индикатор кој ја покажува деловната подобност во 3 бои (зелена, жолта и црвена). Оценката која боја ќе му припадне на субјектот се одредува според однапред одредени критериуми, меѓу кои се правниот статус на компанијата од аспект на тоа дали е активна, во блокада на трансакциска сметка во реално време, финансиските показатели од работењето, задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските и сл.

2. Задолженост и редовност во подмирувањето на обврските, кои се ажурираат на дневно и месечно ниво (извор на податоци е базата на МКБ)

3. Податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, кои се ажурираат во моментот на генерирање на извештајот (извор на податоци е Единствениот регистар на трансакциски сметки)

4. Тековни состојби на правни субјекти во реално време, кои се ажурираат во моментот на генерирање на извештајот

5. Годишни сметки на правни лица, кои се ажурираат по изминување на законскиот рок за достава на годишни сметки во Централен регистар на Република Македонија

Извештајот може да се користи без претплата поединечно или со избор на некои од подолунаведените пакети.

Како до Корпоративен извештај?

Регистрирајте се како правен субјект на нашата платформа МОЈ.МКБ и потпишете

Договор со МКБ

Договорот пополнете го со податоци за компанијата, потпишете го и скениран доставете го на info@mkb.mk. Оригиналниот Договор во 2 примероци доставете го на нашата адреса:
ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија.

Корпоративен извештај (Примерок 1)
Корпоративен извештај (Примерок 2)

Кредити

Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот

Објавено

на

Сите ние се трудиме повеќе или помалку да балансираме со парите кои ги заработуваме и оние кои ги трошиме, односно сакаме да ги потрошиме. Секако, оваа наша финансиска “дисциплина” може да избега од контрола ако се појават некои непланирани трошоци. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжува промоцијата на атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со рок на отплата до 120 месеци

Објавено

на

Атрактивниот Потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка доби нов промотивен период за уште поголемо задоволство на клиентите. За ненаменскиот потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци може да се аплицира до 30.09.2022 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно