Connect with us

Компании

Македонско кредитно биро – основа за сигурен бизнис

Објавено

на

Досегашното искуство на деловното работење кај нас, покажува дека фирмите најчесто се соочуваат со недоволно познавање на ликвидноста на бизнис – партнерите со кои соработуваат, како и со нивното подмирување на финансиските обврски, наплатата на побарувањата и уште со ред други неизвесности.

Токму немањето увид во вистинските информации, може да доведе и до ризични зделки што го загрозуваат понатамошното работење или партнерство.

За среќа, постојат начини да се дојде до точните информации и тоа преку Македонското кредитно биро. Оваа институција уште од 2008 година обезбедува информации со кои правните лица може да ја подобрат наплатата на своите побарувања. Македонското кредитно биро – МКБ управува со единствениот систем во кој се врши собирање, обработување и размена на податоци за финансиските обврски на правните и физичките лица и дава информации за задолженоста и редовноста во подмирувањето на овие обврски кои се неопходни за обработка на детални извештаи за финансиската стабилност на правните и физичките лица.

Базата на податоци со кои располага МКБ се ажурира на дневна и месечна основа, што носи поголема сигурност при деловното одлучување и унапредување на работењето. Македонското кредитно биро располага и нуди различни видови извештаи кои обезбедуваат брз и лесен увид во сопствениот статус на долговите и нивното подмирување. За физички лица би ги издвоиле Сопствениот извештај, Извештајот за блокада и други, а од извештаите за правни лица Корпоративен – бонитетен извештај, Кориснички извештај, Сопствен извештај за правни лица, меѓународни извештаи, мониторинг на правни субјекти, АСИС (алармен систем за известување на субјекти) и други.

Користењето на услугите на Македонското кредитно биро значи поседување здрав темел врз кој се гради успешна компанија.

Компании

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје

Објавено

на

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

Објавено

на

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Популарно