Connect with us

Компании

Македонски Телеком со раст во првото полугодие и континуирана модернизација на мрежата

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува со успешното работење во сите сегменти и во првото полугодие на 2021 година. Приходите од продажбата се зголемени за 4,1 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5.391 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 5,3 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Телеком е лидер во ТВ сегментот

Македонски Телеком е цврсто позициониран на лидерското место на пазарот на ТВ услуги со повеќе од 34 отсто удел во вкупниот ТВ пазар. На крајот од првото полугодие, базата на корисници е зголемена за 4,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 144,5 илјади корисници. Согласно со ваквите трендови, пораст бележат и приходите од овој сегмент, коишто исто така се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период минатата година.

На крајот на првите шест месеци од 2021 година, Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 6 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 5 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува изнесува 194,1 илјади, а уделот на пазарот е 49,5%.

И приходите од мобилните услуги во првото полугодие од 2021 година бележат зголемување од 3,3 отсто во споредба со истиот период лани, што се должи на зголемениот  број на постпејд корисници.

Модернизација на мрежната инфраструктура

Компаниската посветеност и инвестициите во оптичката мрежа резултираат со континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите шест месеци од годинава, повеќе од 233 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Со континуираното позитивно работење, компанијата ги обезбедува неопходните предуслови за понатамошен развој на мрежата и претставување нови технологии и иновативни услуги. Сето тоа на корисниците ќе им обезбеди врвни кориснички искуства, а на општеството ќе му обезбеди основа за континуирана дигитализација во секој сегмент.

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Алкалоид АД Скопје – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Објавено

на

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во “Алкалоид“. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Објавено

на

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно