Connect with us

Компании

Македонски телеком оствари нето добивка од 11,2 милиони евра во првите шест месеци од 2020 година

Објавено

на

Македонски телеком оствари со нето добивка од 692,8 милиони денари (11,2 милиони евра) во првите шест месеци годинава, за 21,3% помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат финансиските резултати на компанијата објавени на Македонска берза.

Во образложението на финансиските резултати во првото полугодие годинава се вели дека намалувањето на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) во првите шест месеци од 2020 година е за 2,7% во споредба со истиот период од претходната година.

Следствено, EBITDA маргината во првите шест месеци од 2020 година изнесува 42,2%. Доколку се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година EBITDA бележи благо намалување од 0,2% во споредба со истиот период од претходната година. Исто така, EBITDA маргината (без трошокот за отпремнини) во првите шест месеци од 2020 година изнесува 43,3%.

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) за првите шест месеци од 2020 година е намалена за 19,0% во споредба со истиот период од претходната година. Доколку се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година EBIT е намалена за 13,5% во споредба со истиот период од претходната година.

Нето добивката за првите шест месеци од 2020 година е намалена за 21,3% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 692.844 илјади денари. Доколку се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година нето добивката бележи намалување од 15,0% во споредба со истиот период од претходната година.

Од компанијата велат дека како и другите компании во земјата и глобално во светот и тие се погодени од пандемијата на КОВИД– 19 која негативно влијаеше на финансиските перформанси на МКТ, особено во месеците кога се беше затворено.

„И покрај тоа што точното влијание на кризата од корона вирусот на финансиските перформанси на МКТ не може со сигурност да се одреди, очекуваме негативно влијание на продажбата, особено во при-пејд сегментот и роаминг услугите. Иако може да имаме краткорочно влијание во 2020 и 2021 година, во овој момент не очекуваме значајно влијание на нашите долгорочни планови, се вели во образложението на финасиските резултати на „Македонски Телеком“.

Инаку, компанијата најави дека дивидендата за минатата година ќе биде исплатена до 30 септември годинава.

Собранието на акционери на МКТ на состанокот одржан на 30 јуни 2020 година ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда за 2019 година и утврдување на дивиденден календар. Во согласност со оваа Одлука дивидендата за 2019 година е во вкупен бруто износ од 1.328.387 илјади денари. Бруто износ на дивиденда по акција за 2019 година е МКД 15,40“, се вели во Образложението за работењето на Македонски Телеком АД – Скопје за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година досставено до Македонската берза.

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно