Connect with us

Останато

Македонски Телеком организира серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки

Објавено

на

Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира вебинари на кои претставниците на бизнисите ќе можат да научат нешто повеќе за нив.

Преку презентирање на услугите и алатките, како и споделување на кориснички искуства, Телеком ќе ви го покаже патот до дигитално осовременување на вашиот бизнис.

„Првиот вебинар, предвиден за демонстрирање Доверливи услуги (Дигитални сертификати, Временски печат и Портал за дигитално потпишување) имате можност да го проследите на 14.07.2020 или 16.07.2020, додека вториот, на кој ќе се демонстрира Telekom МК App, е предвиден за 23.07.2020 година. Пријавувањето ќе може да биде извршено на следната адреса: https://www.telekom.mk/vebinari.nspx. Секој од вебинарите предвидува учество на максимум 60 учесници, затоа бидете брзи”, истакнаа од Македонски Телеком.

Од Компанијата наведоа дека за повеќето успешни бизниси, дигиталните алатки како Дигитални сертификати и Временски печат се добро познати и веќе се употребуваат во секојдневните работни процеси. Тие не само што заштедуваат време, туку ја олеснуваат работата и се далеку побезбедни од досегашните традиционални начини на менаџирање со доверливи документи.

„Изминатиот период можевме да видиме голем број успешни приказни на бизниси кои лесно „ги прескокнаа“ предизвиците и се приспособија на новиот начин на работа, а тоа ни покажа дека технологијата е наш пријател доколку знаеме како да ја користиме. Овие приказни не треба да останат аномалија, туку мора да бидат што почести, со цел да го зацврстиме и стабилизираме нашиот пазар во она што многумина почнаа да го нарекуваат „новото нормално“. Применувањето поврзани технологии и проверени дигитални алатки ќе ви даде предност на пазарот. Затоа, да ја користиме технологијата за добро”, потенцираа од Македонски Телеком.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно