Connect with us

Компании

Македонски Телеком до крајот на тековниот месец ќе исплати дивидендатa од 21,6 милиони евра

Објавено

на

Акционерите на Македонски Телеком АД – Скопје на 28-ми овој месец ќе ја добијат дивидендата за 2019 година, информира  компанијата преку  Македонска берза.

Одлуката за исплата на дивидендата Собранието на акционери на Македонски Телеком ја донесе на крајот на јуни годинава, поточно на 30.06.2020 година.

Македонски Телеком за дивиденда годинава издвои вкупен бруто износ од 1.328.387.395 денари  (околу 21,6 милиони евра) или бруто износ од 15,40 денари по акција во кои се вклучени сите даноци.

Минатата година, Македонски Телеком оствари вкупна добивка од 27 милиони евра. Дел од добивката ќе биде наменета за исплата на дивиденда, а дел ќе се инвестира во компанијата.

Најголем акционер во компанијата е Дојче Телеком, кој поседува 51% од акциите преку локалната компанија „Каменимост АД“. Македонската влада има удел од 34,8% во капиталот на „Македонски Телеком“. Дивиденда ќе добијат и малцинските акционери, кои во најголем дел се вработени и пензионери од телекомуникациската компанија, а кои поседуваат 2,54% од капиталот. Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ поседува 1,64% од акциите, а „Македонски Телеком“ поседува и 10% од сопствените акции.

Во последниве години, поради намалените приходи кои раководството ги објасни со острата конкуренција и ценовната војна, драстично опадна профитот на Телеком, а со тоа и износот кој го добива Владата.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно