Connect with us

Останато

Македонски Телеком: Да останеме поврзани од дома, со двојно повеќе фиксен интернет, над 50 ТВ канали и 10 GB мобилен интернет за сите

Објавено

на

Во услови кога начинот на кој живееме и работиме е многу различен од вообичаено, важно е да останеме поврзани од дома и солидарни. Наша обврска е да обезбедиме непречена комуникација, но и да понудиме дополнителни вредности за корисниците.

На сите постпејд, припејд и деловни корисници им доделуваме дополнителни 10 GB мобилен интернет, односно 10GB #ОстаниДома пакет кој автоматски ќе им биде активиран и ќе може да се користи до 15 април.

Дигиталната комуникација, во овие услови е клучна за непречено одвивање на работата, затоа двојно ќе ги зголемиме и капацитетите на фиксниот интернет за сите деловни корисници кои на своите вработени им обезбедуваат работа од дома. Ќе обезбедиме и двојно повеќе фиксен интернет за сите приватни корисници.

На MaxTV корисниците ќе им овозможиме до 15 април да следат голем избор телевизиски содржини: сите спортски канали од Арена Спорт и Sport Klub каналите; пакетот Pink Extra со 29 канали и филмските канали: Fox Movies и Fox Crime M1Gold, Tring Action М и Fantasy М, AXN и AXN Spin, Cinemania, Epic Drama; детските канали: Boomerang, Pikaboo, Cartoon network, Nickelodeon Junior, BabyTV, HAYATOVCI, како и каналите: Viasat Nature & History HD, Comedy Central, 24 Kitchen, VH1 Europe, VH1 Classic, MTV Hits, MTV Rocks и MTV Dance, Fine Lliving Network, Travel Channel, Food Network, HAYAT, CNN, BBC. Наредните денови, корисниците можат да очекуваат и нови содржини.

Нашиот приоритет е да ги одржиме капацитетот на мрежата и интернет пристапот беспрекорни, но и да бидеме солидарни. Сите наши ресури се насочени да обезбедиме непречена комуникација. Тука сме за вас.

Останато

Норвешка формула за успех на која секој може да и завиди

Објавено

на

Дали норвешкиот државен нафтен фонд е формула за успех во светот на бизнисот и водењето на земјата и дали овој модел е применлив и во други земји? (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува Самитот „Македонија 2025“

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев со почеток во 15:25 часот ќе учествува на отворањето на Самитот „Македонија 2025“, кој ќе се пренесува во живо на Националниот телевизиски сервис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Петто годишно истражување за бизнис опкружувањето – Бидете дел од најголемата проценка на бизнис средината

Објавено

на

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, петта година по ред ќе го спроведе анкетното истражување за бизнис опкружувањето во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно