Connect with us

Компании

Македонски Телеком оствари позитивни финансиски резултати во првиот квартал на 2020 година

Објавено

на

Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година бележи позитивни резултати и покрај работењето во услови на вонредна состојба и пандемија. И понатаму продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизијата.

Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 4 отсто и изнесуваат 2.619 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година.

Пораст на корисничката база

Бројот на корисници во сите сегменти од првите три месеци на 2020 година бележи пораст. Со раст од 0,6 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4 отсто, што се должи на континуираната работа на терен и покрај пандемијата, при што вкупниот број изнесува 205 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи екслузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 5,5 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите три месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 137 илјади претплатници.

Квалитетната мрежа е клучна за виталните функции во општеството

Македонски Телеком и во услови на пандемија континуирано и со несмалено темпо инвестира во капацитетите на мрежата со цел непречено функционирање и квалитетни комуникациски услуги во услови на огромна побарувачка за интернет.

„Од почетокот на кризата ги насочивме сите ресурси, човечки и финансиски, во зајакнување на мрежните капацитети за да одговориме адекватно на новонастанатата ситуација. Имаме голема одговорност, затоа што сè мора да функционира перфектно во време кога сите работат, учат и се информираат онлајн. Вложувањето во инфраструктурата ќе остане наш приоритет, бидејќи мрежата е крвотокот и предуслов за дигитализација на општеството“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Популарно