Connect with us

Останато

Македонски Телеком ги демантира лажните вести кои имаат за цел да креваат паника

Објавено

на

Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на граѓаните.

Без докази и факти  преку споделување лажни вести и стари медиумски написи од 2018 и 2019 година во погрешен контекст, се креира невистинита и негативна кампања за 5G мрежата и се шири непотребна паника во услови кога треба да останеме смирени.

Македонски Телеком најодговорно тврди дека нема 5G мрежа во употреба. Надлежните институции немаат спроведено ниту постапка за доделување фреквенции за 5G.

Досега е направено прво демо во 2018 и вршени се тестирања за функционирање на оваа нова технологија само во лабораториски услови и на мал ограничен простор во 2019 година.Така што, неосновани се сите напади дека во моментот се вршат масовни тестирања низ државата.

5G е нов технолошки стандард на светско ниво и секоја држава одлучува за имплементација на 5G согласно претходнo стандардизирана научна методологија која операторите треба да ја следат, а надлежните институции да ја мониторираат.

Како надлежна институција, АЕК  редовно врши  мерења за нејонизирачко зрачење. Во декември 2019, АЕК направи тестирања на пробната 5G инсталација, при што констатира дека вкупното зрачење на ограничениот простор за 5G тестирање е далеку пониско од максимално дозволените граници (http://aek.mk/).

Како лидер во новите комуникациски технологии, нашата цел е да ги донесеме најновите технологии во корист на граѓаните и целото општество, но притоа да ги следиме сите безбедносни чекори во соработка со надлежните институции и државата.

Во ситуација на пандемија во светки рамки, наш приоритет е да обезбедиме непречена комуникација преку постојната инфраструктура. Да не дозволиме лажните вести и напади да креираат паника меѓу граѓаните.

Останато

Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји

Објавено

на

Сметководството е врската меѓу стопанството и институциите, а од неговото непречено извршување зависат сите економски процеси. Анкетата што ја направи Комората на сметководители меѓу своите членови покажа дека речи 65 отсто од сметководителите биле заболени Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството. Во такви услови е јасно дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука за  роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија и да се ризикува со добивање на податоци чиј квалитет не може да се гарантира поради условите под притисок под кои работат сметководителите. Од овие податоци во голема мера зависи креирањето на финансиските политики на национално ниво. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Министерството за финансии ќе овозможи на дневна основа да се следат приходите и расходите на буџетот

Објавено

на

Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти на прес-конференција министерот Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање



Популарно