Connect with us

Останато

Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

Објавено

на

Во свечена атмосфера, во присуство на бројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава беа доделени десетте признанија за Македонски квалитет 2019 на националните бренд амбасадори.

Престижното признание за компаниите кои придонесуваат за развој на економијата и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата  и интернационално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата. Признанијата ги доделија претседателот на Р. С. Македонија г. Стево Пендаровски, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија  г-ѓа Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.

Добитници на Признанијата се:  Настел, Бе – Да Логистик,  ФитоФарм, Бироком, Тифи  Груп, Евросуровина ПА, Меѓународно училиште НОВА, Кривогаштани промет, Пакомак и АКУД Мирче Ацев.

Арсовска истакна дека Сојузот на стопански комори, години наназад го промовира квалитетот на домашните компании препознаен на интернационалните пазари, но она што недостасува е национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови.

Успехот на секоја домашна компанија е национален успех. За пласман на домашните производи како земја треба да се стремиме кон освојување на нови пазари, што е главен предизвик за компаниите особено малите и средните. Евидентен е потенцијал кој го  имаме, а не доволно го афирмираме и користиме.  Имаме солидни компании,  бројни  уникатни претприемачки идеи со потенцијал за интернационално пробивање. Македонското традиционално творештво е афирмирално во светски рамки и има голема  вредност како културно обележје на нацијата, да си поставиме нова заедничка цел Македонија да биде ставена на светската мапа по успешни национални брендови познати и признати на пет континенти“, изјави Арсовска.

Комисијата составена од членови на кабинетот на претседателот на државата, согласно прецизно воспоставените критериуми и оваа година, внимателно ги селектираше македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување на национален бренд. Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за македонски квалитет.

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно