Connect with us

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември.

На настанот ќе говорат и дебатираат водечките извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: „AXA”, „Swiss Re”, „Generali”, „AIG”, „Zurich”, „Lloyd’s”, „Scor”, „Convex”, „RSA”, „Ageas”. Исто така ќе заземат учество и регулатори, консутлантски организации и др.

На панелот насловен „Key Risk Considerations For Doing Business In Europe“, кој ќе се случува на 25-ти ноември, модератор ќе биде Проф. Климе Попоски, член на Собранието при Стопанската комора на Македонија. Во неговиот панел како говорници ќе учествуваат:

• Martin Merlin, Director, Bank, Insurance and financial crime – Directorate General for Financial Stability, Financial Services & Capital Markets Union European Commission;
• Katja Pluto, Chief Risk Officer – EMEA, Zurich;
• Frieder Knüpling, Group Chief Risk Officer, SCOR;
• Fabrice Brossart, Chief Risk Officer International General Insurance, AIG;

Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на следниот линк.

Осигурување

Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

Објавено

на

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни  и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на  свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина

Објавено

на

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно