Компании
Македонските граѓани повторно ќе летаат со Виз ер – компанијата отвори седум рути од Македонија кон четири држави во Европа


Нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air” денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23-ти мај.
Земји во кои „Wizz Air” повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, „Wizz Air” ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.
„Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж”, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во „Wizz Air”.
Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје