Connect with us

Депозити

Македонските граѓани во банките чуваат 4,7 милијарди евра

Објавено

на

Македонските граѓани не престануваат да тргаат пари на страна ниту во актуелните услови на финансиска криза предизвикана од пандемијата.

Домаќинствата во банките чуваат 4,7 милијарди евра, а нивното кредитирање е во помал износ.

Штедењето забележува континуиран раст и во време на пандемијата, а се зголемува интересот за недвижности поради што подинамично растат станбените од потрошувачките кредити. Ова се дел од поентите што ги кажаа банкарските експерти на свеченоста по повод одбележувањето на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето.

Претседателката на Македонската асоцијација за банкарство Маја Стевкова Штериева рече дека денешното современо банкарство е многу поразлично од она пред 30 години, кога се сведувало отворање тековни сметки и издавање чекови и понекој кредит. Таа се осврна и на критиките во јавноста во однос на ниската каматна стапка за депозитите.

„Најмалку што можеме да кажеме како општествено одговорни компании е да им посочиме на граѓаните да внимаваат каде ќе ги вложат своите пари. Банкарските камати се можеби ниски, но тоа е вложување со најмал ризик”, рече Маја Стевкова Штериева.

Министерот за финансии Фатмир Бесими го изнесе податокот дека до крајот на август вредноста на депозитите достигнала 63 проценти од бруто-домашниот производ, но тие и понатаму растат.

Тој ги потсети банките дека конкуренцијата допрва им доаѓа, зашто се развиваат нови финансиски институции.

Бесими ја поздрави улогата на Народната банка во одржувањето на стабилноста на цените и рече дека тоа е многу важно и за штедењето, затоа што инфлацијата ја намалува вредноста и на заштедите.

„Штедењето на годишно ниво има раст од осум проценти”, информираше вицегувернерката Ана Митреска. Но, таа забележа дека се намалуваат заштедите на долг рок.

Митреска појасни и што го движи штедењето во време на пандемија.

„Приватното штедење расте затоа што нашиот доход во време на пандемија не претрпе големи измени. Дел од населението се соочи со принудно штедење поради ограничено движење. Исто така, поради тековната состојба, анкетите покажуваат дека штедењето е поповолна опција при имање вишок пари”, посочи вицегувернерката.

„Со раст на штедењето се зголемуваат капацитетите на банките за финансирање на економијата. Сѐ поголеми се апелите за зелена економија. Банките можат да ја помогнат да ја забрзаме дигиталната и енергетската транзиција, како и во отстранување на некои тесни грла”, дополни Митреска.

Депозити

Халкбанк ги зголеми каматните стапки за штедење во денари

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги зголеми пасивните каматни стапки за депозити на физички лица. Имено, се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од 6 до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20%, сега таа е 1,50%. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските депозити на физички лица

Објавено

на

Почнувајќи од 01.06.2022 година, Стопанска банка АД – Скопје изврши промена на каматните стапки на денарските депозити на физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Зошто е важно да се штеди и како депозитите може да помогнат во иднина?

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да штедите? Едноставно, штедењето е секогаш добро, без разлика дали во моментот имате цел за штедење или не. Можете да штедите за разни работи. Не само за она што се вика „црни денови“, туку и за најразлични убави работи. На пример, за купување стан, за образование на децата, за свадби, или едноставно можеби за некој нов домашен апарат, нови чевли, чанта, за годишен одмор или било што друго. Кога ќе заштедите за нешто и ќе го купите со заштедата, тогаш задоволство ќе ви биде уште поголемо и истовремено ќе имате волја и желба повторно да штедите за нешто друго. (more…)

Продолжи со читање


Популарно