Компании
Македонскиот процесор КАСИС склучи договор со финтек компанијата РУБИКОН од Албанија

Единствениот македонски процесор КсСис АД Скопје склучи договор со финтек компанијата Рубикон од Албанија за соработка во доменот на персонализација на чип картички, виртуелни картички, е-commerce и опслужување на мрежа на ATM-и.
„Овој договор е потврда дека КаСис е прв избор и сигурен партнер не само на банките и е-трговците туку и на финтек компаниите како идни чинители во доменот на плаќањата кои бараат партнери што можат да обезбедат врвна безбедност на услугата. Значајните инвестиции кои доведоа до модернизација на сервисите и унапредувањето со нови фукционалности од една страна и зајакнувањето на системите од сигурносен аспекти од друга страна овозможија единствениот македонски процесор КаСис да оствари одлични финансиски резултати но и да привлече нови корисници на услуги, особено во финтек индустријата која се очекува интензивно да се развива во наредниот период.“, велат од КаСис.
Рубикон е финтек компанија основана 2020 година која поседува лиценца од Мастеркард и лиценца како издавач на електронски пари од страна на Централната Банка во Албанија.
„Како финансиско друштво кое се занимава со обезбедување финансиски решенија и развивање на мрежа за обработка на плаќања користејќи ги своите сопствени технологии, интелектуална сопственост, иновативни производи и познавање на пазарот за да обезбеди сеопфатни финансиски решенија за своите клиенти со ова партнерство имаме за цел да го продолжиме нашиот раст. Среќни сме што избравме доверлив регионален партнер со репутација како КаСис.“, велат од Рубикон.
КаСис со своето 20 годишно успешно работење, со 2.000.000 издадени платежни картички, 2.500.000 процесирани трансакции месечно, 24/7 сервисна поддршка и cPay – системот за електронска трговија со процесирани над 300.000 трансакции месечно во преку 1.000 електронски продавници и со над 30.000 регистрирани корисници останува доследен за раст и развој на сите новитети во дигиталната индустрија како во земјата така и во регионот.
Со стапувањето на сила на новиот Законот за платежни услуги и платни системи во нашата земја КаСис е подготвен со техничко технолошки решенија и квалитет од ИТ ресурси да даде свој придонес и максимална поддршка на банките и на сите финтек компании.
Компании
Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани. Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка