Connect with us

Електронско банкарство

Македонскиот лидер во е-трговија посветен на развој на домашниот туризам

Објавено

на

Секогаш со љубов и многу епитети ја опишуваме нашата мала и убава земја, но голем број од нас не почуствувале и виделе ни половина од убавините со кои таа располага. Прашањето е колку вистински ја имаме доживеано нашата земја? Кога последен пат сте се биле на Пелистер или на Кожув, воопшто? Сте јаделе ѓомлезе во Вевчани, сте јавале коњи или возеле АТV мотори во Маврово или сте се опуштиле на чист воздух на Пониква или Берово? Оваа есен сите патувачи имаат шанса да ја прошетаат и истражат Македонија и тоа по супер цени.

Станува збор за кампањата Дестинација Македонија, која се реалзира 5та година по ред, и нуди огромен избор на локални патувања по неверојатно ниски цени. Кампањата во наредните два месец на корисниците ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во напата земја кои чекаат да бидат истражени и дополнително ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта.

Ова е една од најпопуларните и најголеми проекти во реализација на Grouper.mk, лидерот во е – трговија, од каде припремија над 100 зделки по примамливи цени за патувања низ цела Македонија овозможувајќи да се посети, вкуси и искуси најдоброто од земјава.

Кампањата која ќе трае од 25 септември па сè до 15 ноември 2019 е дефинитивно посебна по многу нешта, а пред се по големиот изборот на локации и сместувачки капацитети по супер цени и за сечиј вкус; понатаму поради можноста патувачите да изберат луксузно уживање на попуст во некој од Best of хотелите од Дестинација Македонија и да се релаксираат во природа и спа центрите на прекрасните Хотел Радика 5*, Хотел Тино св.Стефан, Sky Hotel & SPA 5*, Бањишт Хотел & SPA и многу други. Дополнително, ова е одлична шанса да се научи многу повеќе за нашата земја, а секој кој сака да го провери своето знаење може да го реши овој интересен Grouper квиз. 

Доволно е само да го погледнете видеото за најава на кампањата и да ве поттикне да се впуштите во истражување на нашата Македонија и потсети зошто ја сакаме

Дополнително, за време на кампањата, Grouper во партнерство со Mastercard подготвија неколку изненадувања со подароци и дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.

Исто така, оваа година, преку онлајн гласање ќе бидат избрани и најдобрите хотели за 2019 година изгласани од Grouper заедницата која брои над 200.000 корисници.

Повеќе информации за кампањата и она што следува може да прочитате на нивниот блог.

Електронско банкарство

„Ready, set, grow! – тема на четвртата годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

Под мотото „Ready, set, grow!” на 12 ноември 2021 година (петок) по четврти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.  (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Отсега услугите на НЛБ мКлик мобилното банкарство достапни за лицата со оштетен вид

Објавено

на

НЛБ Банка во соработка со софтверската компанија Asseco SEE направи значајни подобрувања на функционалностите на постоечката НЛБ мКлик апликација благодарение на кои таа отсега е достапна за употреба од страна на лицата со оштетен вид. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка воведува провизија за користење на електронско банкарство за целосен пристап за физички лица

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Банката ќе прави прилагодувања во Одлуката за тарифи и надоместоци за услуги кои ги врши банката поврзани со услугите за електронско банкарство за физички лица кои ќе бидат во важност од јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно