Connect with us

Домашни банки

Македонска филхармонија во новата концертна сезона 2018/19 со поддршка од ТТК Банка

Објавено

на

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо задоволство безрезервно ја дава својата поддршка на Македонската филхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава.

Во текот на новата концертна сезона 2018/19, ТТК Банка ќе биде горд поддржувач, ќе ги следи и ќе се радува на врвните музички изведби на фантастичните музичари од земјава и од светот, солистите и диригентите, кои ќе настапуваат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија!

Со оваа соработка, ТТК Банка ја потврдува својата посветеност на вредностите кои ги застапува – квалитет, ентузијазам, умешност, искуство и знаење, тимски дух, професионалност. Ова партнерство истовремено ја означува и промовира соработката помеѓу културата и бизнисот што претставува глобален тренд и е од огромно значење за развој на современите концепти на уметничкото и културното творештво.

ТТК Банка како банка со традиција и искуство од една страна, и иновација и ентузијазам од друга, е веќе препознатлива како општествено одговорна компанија која поддржува значајни проекти од областа на културата, науката, спортот и поширокиот општествен интерес.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange