Connect with us

Форекс

Македонска берза се приклучи кон глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“

Објавено

на

Македонска берза се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

„Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе.

Македонска берза, во наредниот период ќе организира бесплатна обука на тема „Основи на анализа на финансиски извештаи“ за студенти и невработени лица во времетраење од 2 дена. Со оваа обука, учесниците ќе се запознаат и ќе ги продлабочат знаењата во врска со структурата на основните финансиски извештаи, како и алатките и техниките на изготвување и анализа на финансиските извештаи. Со овој скромен придонес, Македонска берза, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.

Линк за настанот.

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, односно пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Објавено

на

Еуростандард банка е една од банките во нашата земја која посредува при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза. Тргувањето со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно