Connect with us

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности.

Берзата во рамките на своите заложби за перманентен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, а со цел овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, се вклучува во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост преку нејзините едукативни алатки: квиз на пазарот на капитал и едукативни видеа.

Линк до квизот на пазарот на капиталhttps://www.mse.mk/mk/content/22/1/2020/quiz-securities-market

Линк до едукативните видеаhttps://www.mse.mk/mk/content/18/9/2018/educational%20-video

Деновите на финансиска писменост се организираат од финансиските регулаторни институции, како членки на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, a во соработка со приватниот финансиски сектор.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно