Connect with us

Форекс

Македонска берза потпиша меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

Македонската берза, на 31.01.2019 година, потпиша меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација со кој се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност. 

Целта на соработката  е унапредување на состојбите на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Соработка ќе се реализира во повеќе домени со  особено внимание на размената на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите како и организирање едукативни активности, пред се  семинари, курсеви и работилници кои се од заеднички интерес, а се во доменот на делокруг на работење на страните.

Меморандумот предвидува и превземање иницијативи во врска со законската и подзаконска регулатива во доменот на работењето со хартии од вредност од важност за двете страни.

Форекс

Доларот зајакна, “мини колапс” на швајцарските франци

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност поради зголемената загриженост дека преговорите меѓу САД и Кина нема да го олеснат трговскиот спор помеѓу најголемите светски економии. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Гордана Дамеска ќе биде претседател на Одборот на директори на ЦДХВ

Објавено

на

Централен депозитар за хартии од вредност, преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза ја информираше јавноста за избор на претседател на Одборот на директори и независен – неизвршен член на Одборот на директори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

Објавено

на

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година. Според податоците од извештајот, за периодот од 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 година за 24,63%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange