Connect with us

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО.

Надоместокот за користење на eTrader што досега се наплатуваше од страна на Берзата и нејзините членки нема да се наплатува до траење на вонредната состојба во државата поради вирусот COVID 19. Ова е заедничка одлука на Берзата и Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, составена од сите членки на Берзата.

eTrader е апликација наменета за клиентите на брокерските куќи и банките што овозможува праќање електронски налози до членките на Берзата и комплетен увид во тргувањето со хартии од вредност во реално време. Со eTrader апликацијата доволно е да се поседува електронски уред со пристап на интернет и независно каде инвеститорот се наоѓа може да дава електронски налози до својот брокер и да го следи тргувањето во реално време. На овој начин се заменува традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа или банка.

Од Македонска берза ги повикуваат сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат eTrader во новонастанатите околности.

За подетални информации за користење на eTrader, сите заинтересирани инвеститори да се обратат кај својот брокер.

Форекс

Која компанија ја зголеми вредноста на акциите за над 30 проценти?

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 одново ги дестабилизира акциите на котираните друштва на Македонска берза. Кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемува и неизвесноста. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Еврото ја достигна највисоката вредност од средината на март

Објавено

на

Курсот на еврото во понеделникот на меѓународните пазари накратко достигна највисоко ниво од средината на март, а поризичните валути беа во добивка поради тоа што инвеститорите беа охрабрени од добрата вест од кинеската економија и знаците за олеснување на тензиите помеѓу САД и Кина. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Информацијата дека нема да исплаќа дивиденда, ја „сруши” вредноста на акцијата на Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Иако, се чинеше дека вирусот Ковид-19 веќе е стабилизиран и дека кризата се надминува, сепак најновите случувања го тврдат токму спротивното. Коронавирусот повторно зема замав, се зголемува бројот на новозаболени со секој изминат ден, неизвесноста е огромна, како за идните случувања поради корона кризата, така и поради неизвесноста околу одржувањето на предвремените парламентарни избори. (more…)

Продолжи со читање

Популарно