Connect with us

Форекс

Македонска берза: Новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност

Објавено

на

Македонската берза е загрижена за понатамошното функционирање поради новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва пред се во делот на забраната за одржување на годишните собранија на акционери на компаниите за време на вонредна состојба. Оваа Уредба ќе донесе многу негативни последици за компаниите чија вредност на акциите драстично се намалува од ден во ден, но и за акционерите кои нема да добијат дивиденда во очекуваниот период или уште полошо и воопшто да не добијат дивиденда.

Сепак, од Македонска берза најавуваат дека и покрај тоа, согласно своите законски овластувања и добиената лиценца за работа и понатаму ќе продолжат со работа се додека објективните околности дозволуваат.

Целото соопштение на Македонска берза ви го пренесуваме во целост:

„Правната промена во делот на одржување на годишните собранија на акционери за време на вонредната состојба, со сите импликации што од тоа ќе произлезат за работењето на акционерските друштва, секако ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност на берзата.

Пред се, инвеститорите нема во најавените и очекувани тајминзи да ја добијат дивидендата, што е еден од основните мотиви за вложување во хартии од вредност. Сметаме дека ова ќе има одраз на вреднувањето на хартиите од вредност на компаниите што се тргуваат на берзата, а последователно и на пазарната динамика и осцилаторност. Сето ова се надоврзува на другите новонастанати околности за домашниот пазар на хартии од вредност поради влијанијата на вирусот COVID-19.

Берзата, согласно своите законски овластувања и добиената лиценца за работа, и понатаму ќе продолжи да обезбедува собирање на понуди за купување и продавање на хартиите од вредност и пазарно формирање на цените на истите, односно ќе овозможува континуирано тргување со хартиите од вредност на македонскиот пазар и во овие услови, се додека објективните околности го дозволуваат тоа и додека нема соодветни одлуки на надлежните институции.” – се вели во соопштението на Македонска берза.

Форекс

Која компанија ја зголеми вредноста на акциите за над 30 проценти?

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 одново ги дестабилизира акциите на котираните друштва на Македонска берза. Кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемува и неизвесноста. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Еврото ја достигна највисоката вредност од средината на март

Објавено

на

Курсот на еврото во понеделникот на меѓународните пазари накратко достигна највисоко ниво од средината на март, а поризичните валути беа во добивка поради тоа што инвеститорите беа охрабрени од добрата вест од кинеската економија и знаците за олеснување на тензиите помеѓу САД и Кина. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Информацијата дека нема да исплаќа дивиденда, ја „сруши” вредноста на акцијата на Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Иако, се чинеше дека вирусот Ковид-19 веќе е стабилизиран и дека кризата се надминува, сепак најновите случувања го тврдат токму спротивното. Коронавирусот повторно зема замав, се зголемува бројот на новозаболени со секој изминат ден, неизвесноста е огромна, како за идните случувања поради корона кризата, така и поради неизвесноста околу одржувањето на предвремените парламентарни избори. (more…)

Продолжи со читање

Популарно