Форекс
Македонска берза: Котација на Деветнаесеттата емисија на обврзници за денационализација


На седницата одржана на 11.02.2021 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Деветнаесеттата емисија на обврзници за денационализација.
Деветнаесеттата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
– Вид на хартијата од вредност: Деветнаесеттата емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
– Издавач: Република Северна Македонија;
– Вкупен износ на емисијата: 11.500.000 евра;
– Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
– Број на издадени обврзници во емисијата: 11.500.000;
– Датум на издавање: 11.02.2021 година;
– Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 11.02.2021 година;
– Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2030 година;
– Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2021 година;
– Почеток на тргување со обврзниците: 15.02.2021 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
– ИСИН: MKMINF200DJ9;
– Шифра за тргување на Берзата: RMDEN19;
Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец февруари


Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец февруари 2021 година. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во февруари?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.02.-28.02.2021 година вкупниот промет изнесува 1.390.563.281 денари и е зголемен за енормни 170,48% во однос на претходниот месец јануари. (more…)
Форекс
Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата


Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 4 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје