Connect with us

Форекс

Македонска берза и АТЕМ ќе соработуваат со цел заедничка едукација и унапредување на изворите на финансирање за македонските претприемачи и е-трговци

Објавено

на

Македонска берза и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) потпишаа Меморандум за соработка.

Потпишувањето на овој Меморандум произлегува од стратешките определби на двете институции и нивната комуникација во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта е отпочнување на поблиска соработка помеѓу АТЕМ и Берзата во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување и поефикасно финансирање на претприемачите.

„Има многу млади претприемачи и старт-ап компании во нашата земја кои имаат одлични идеи и голем потенцијал за раст и развој на нивниот бизнис. COVID-19 отвори уште повеќе можности за прогресивните претприемачи, но и предизвици за брза адаптација и егзекузија, бидејќи идеите без имплементација ќе останат само идеи. Расте и потребата за развој и промоција на нови начини на финансирање за домашните компании, а соработката со Македонска берза верувам дека ќе биде обид да им се даде можност на ваквите компании кои имаат потенцијал да остварат брза експанзија и успех.”, вели Претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Д-р Нина Ангеловска.

„Стратешка определба на Берзата е да врши континуирана промоција и едукација за можностите и предностите на пазарното финансирање на деловните субјекти, без разлика на нивната моментална организациона форма и животна фаза. Претприемачите и старт-апите кои се членки на АТЕМ секако припаѓаат на иновативниот дел на македонската економија и како такви најверојатно можат да приберат финансиски средства од определени инвеститори, пред се преку шемите на колективно финансирање”, вели Главниот извршен директор на Македонска Берза, г-дин Иван Штериев.

Првата заедничка активност е веќе закажана за понеделник, 14.12.2020 година, кога ќе се одржи онлајн настан, на кој Берзата ќе ја презентира глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam, за која таа е екслузивен застапник во нашата држава.

Настанот ќе биде отворен за сите членови на АТЕМ и на истиот ќе може да се информираат за сите детали околу оваа платформа како извор на финансирање за нивните постојни и идни проекти и бизнис иницијативи. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно