Connect with us

Форекс

Македонска берза го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје одлучи продуктот за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО до 30.09.2021 година.

Апликацијата eTrader е наменета за инвеститорите во хартии од вредност и овозможува давање електронски налози за тргување и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку членките на Берзата – банки и брокерски куќи.

Aпелираме до сите инвеститори што помасовно да ги користат електронските налози за тргување, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader.

Бесплатното користење на овој продукт од страна на инвеститорите, Берзата и нејзините членки го овозможија непосредно по прогласувањето на пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19, односно почнувајќи од 26.03.2020 година.

По бесплатното користење на eTrader во третиот квартал од  годинава, Одборот на директори на Берзата одлучи од 01.10.2021 година  да започнат да се применуваат комерцијалните услови за користење на овој продукт согласно важечкиот Тарифник на Берзата, освен доколку не дојде до нарушување на тековната епидемиолошка состојба.

За подетални информации околу користење на eTrader, Македонска берза ги упатува инвеститорите да се обратат кај својот брокер.

Тргувај од далечина!

Форекс

Нафтата се доближува до 75 долари за барел

Објавено

на

На меѓународните пазари цената на нафтата се зголеми на 75 долари за барел, во пресрет на извештајот од кој се очекува да покаже пад на американските резерви над очекувањата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Главни акценти од првите шест месеци од 2021 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2021 година изнесува околу 87 милиони евра, што претставува намалување од 8% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 95 милиони евра. Ова благо намалување се должи на помалиот промет со акции во БЕСТ системот оваа година, при што битно е да се нагласи дека минатата година во март и април на пазарот беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец јуни

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јуни 2021 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно