Connect with us

Форекс

Македонска берза го прекина тргувањето, дали ќе следат нови дневни ценовни ограничувања!?

Објавено

на

Тргувањето на Македонска берза беше стопирано по галопирачкиот пад на вредноста на МБИ10 индексот, откако утрово беа зголеми тензиите во Украина, при што Русија започна инвазија и навлезе длабоко на украинската теериторија.

Светските берзи бележат висок пад на вредноста на индексите, а ниту нашата берза не остана имуна на случувањата во Украина.

Утрово, по почетокот на тргувањето на Македонска берза речиси сите акции бележат висок пад на вредноста за 10 проценти, колку и што е дозволениот максимум.

„Доколку почетната продажна цена на акциите наведена во поднесеното барање отстапува за повеќе или помалку од 10% од последната просечната цена на тргување на редовното тргување, во прилог кон барањето, членката на Берзата која ги застапува продавачите на акции задолжително го доставува и налогот за продажба на акциите даден од продавачите на акциите, како и изјава од продавачите на акциите во која тие изјавуваат дека се запознаени дека цената наведена во налогот за продажба на акциите отстапува за повеќе или помалку од 10% од последната просечната цена на тргување со предметните акции.”, е наведеново Правилникот за тргување на Македонска берза.

Во време кога вледееше пандемијата на коронавирусот и кога имаше голема неизвесност на светските финансиски пазари, економијата бележеше огромен пад и целиот свет беше во застој, тргувањето на светските берзи беше ограничено, а тој тренд го следеше и Македонската берза.

Во меѓувреме, на пандемијата и се гледа крајот, но светот е пред прагот на нова Светска војна, доколку во судирот помеѓу Русија и Украина се вклучат и останатите светски велесили.

Па, токму тоа беше повод за страв и немир кај инвеститорите кои побрзаа да ги продадат своите хартии од вредност, а тоа придонесе за висок пад на берзата.

За да не дојде повторно до нов галопирачки пад на вредноста на хартиите од вредност, за очекување е Македонска берза повторно да го ограничи тргувањето и наместо досегашниот дозволен максимум од 10% отстапување од просечната цена, тоа да го сведе на максимални 5%.

Овој потег ќе ги смири инвеститорите, бидејќи нивните хартии од вредност нема вртоглаво да ја губат вредноста.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно