Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Македонска берза: Власта да го одложи данокот за капитални добивки

Објавено

на

Да се одложи оданочувањето на капиталните добивки со стапка од 15 проценти, кое треба да стартува од први јануари наредната година. Ова е барање кое берзанските работници заедно со другите учесници на пазарот на капитал ќе го испорачаат до Владата, бидејќи, како што вели првиот човек на Македонската берза, Штериев, оваа даночна реформа, ако на неа се опстои, сигурно ќе има негативно влијание врз инвеститорите, но и врз натамошниот развој на пазарот.

„Реакции на инвеститорите, занеме сите, има. Тоа е и нормално кога од нула отсто данок доаѓате до некој процент на оданочување. Реакциите се негативни, тоа дефинитивно ќе влијае на динамиката во иднина, и Македонската берза, заедно со другите чинители на пазарот, ќе поднесе иницијатива до МФ, во која ќе ја образложи потребата за одложување на оданочувањето, и тоа е во тек“, вели Иван Штериев, директор на Македонската берза.

Капиталните добивки се разликата која инвеститорите ја добиваат меѓу поскапо продадените и претходно поевтино купените акции, и таа за нив е еден еден од главните мотиви за тргување на берзата. Години наназад тие воопшто не се даночеа, но со најновата даночна реформа донесена лани, се предвиде од стартот на 2020 да се воведе данок од 15 отсто на дивидендите, доходот од капитал, добивките од игри на среќа, како и на капиталните добивки. Брокерите тогаш негодуваа дека нивното даночење лошо ќе се одрази врз берзанското и брокерското работење, бидејќи инвеститорите ќе бидат резервирани во тргувањето, а тоа ќе го намали прометот. Од Берзата очекуваат да наидат на разбирање.

„Наше е да покренеме иницијатива, досега не сме имале разговори, се надевам дека ќе има разбирање, и тоа не само заради Македонската берза, туку и заради пазарот на капитал во целина“, вели Штериев.

Од Владата уште не знаат за иницијативата. Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека како сите други барања што доаѓаат од стопанството, и ова ќе биде разгледано со внимание.

Последните показатели говорат дека во првото полугодие вкупниот промет на Берзата изнесувал 60 милиони евра, што е значително помалку во однос на истиот период лани. Но според Штериев, тоа главно се должи на падот на блок трансакциите, кои лани биле на големи износи. Од Берзата набргу ќе знаат и какви последици за нив ќе донесе девизната либеразлизација, бидејќи неколку месеци веќе е отворена можноста физичките лица да инвестираат и на странските пазари. Очекуваат и странските инвеститори да ги препознаат можностите за вложување на нашаиот пазари.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange