Домашни банки
Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици


Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата.
Имајќи го ова предвид, Македонската банкарска асоцијација одлучи да донира 10 лаптопи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење on-line настава со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити.
На овој начин МБА го дава својот придонес за одбележување на Деновите на финансиска писменост, која е од клучно значење за одговорно финансиско работење на секој граѓанин.
Со донацијата од МБА, стекнувањето знаење станува достапно и за оние кои не биле во можност да си обезбедат компјутер, а до пред пандемијата успешно ги исполнувале сите обврски во образованието.
Македонската банкарска асоцијација, во името на своите членки, им посакува на сите лица на кои им се донирани лаптопи успешно да се справат со сите предизвици на патот кон стекнувањето знаење, вклучувајќи го и актуелниот предизвик наметнат од пандемијата. Со својата посветеност и одговорност ќе си обезбедат успех во управувањето со личните финансии.
Домашни банки
Јованка Јолеска Поповска реизбрана за Генерален директор на ПроКредит Банка АД Скопје
Домашни банки
Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”


Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. (more…)
Домашни банки
УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници


Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје