Connect with us

Останато

Македонската економија ја заокружи 2020 година со пад од 4,5 проценти на БДП

Објавено

на

Бруто домашниот производ за четвртото тримесечје од 2020 година изнесува минус 0,7%, а за целата 2020 година минус 4,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, лани е забележан раст кај групата земјоделство, шумарство и рибарство за 1,7 проценти, раст од 2,8 проценти имало кај секторот информации и комуникации, еден отсто кај дејности поврзани со недвижен имот и 0,4% раст кај дејностите уметност, забава и рекреација други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги. Во другите дејности е забележан пад кој е најголем кај преработувачката индустрија од 10,6 проценти.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 проценти и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1,6 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7 проценти.

Бруто домашниот производ во првиот квартал минатата година имаше стапка на раст од 0,9 проценти, потоа во вториот минус 14,9% и во третиот од минус 3,3, проценти.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно