Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Македонската економија бележи раст од 3,1%

Објавено

на

Раст на македонската економија од 3,1% во вториот квартал,  објави државната статистика.

Најголем пораст од 7,5%  е забележан во трговијата на големо и мало, поправката на моторни возила, транспорт и складирање ,како и  објектите  за сместување. Финалната потрошувачка кај домаќинствата, која учествува со речиси 70% во структурата на БДП има пораст од 4,6%. Расте и извозот и увозот на стоки, како и бруто инвестициите.  За власта – бројките се очекувани. Задоволни се што ги создава  реалната економија, без никакви  интервенции од државата .

Во споредба со истиот период претходната година, економијата пораснала за 0,1%, додека пак во првиот квартал БДП изнесуваше 4,1%. Владата очекува засилен економски раст во наредните 2 квартали, со што годината би ја заокружиле со 3,5% раст.

Во истиот период статистиката бележи  и пад на невработеноста, која сега изнесува 17,5%,што значи дека само во второто триимесечје вработени се нови речиси 5,000 лица. За првото полугодие пак вработени се над 54 илјади лица. Позитивни бројки статистиката регистрира и кај индустриското производство. Од јануари до јули остарило пораст од 4,9%.

Анализи

Сите луѓе на министерката – Кој ќе ја советува првата финансиерка?

Објавено

на

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска го откри тимот на советници и соработници со кои ќе соработува во текот на нејзиниот мандат. Веднаш стигнаа и првите реакции на дел од експертите кои се пожалија дека некои медиуми погрешно информирале за видот на нивниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банките можат да ги “преживеат” негативните каматни стапки?

Објавено

на

Ширењето на неконвенционалните монетарни политики се заканува дека ќе постави опасни и непредвидливи повратни врски, сметаат финансиските аналитичари од САД кои одблиску ги следат негативните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Телеком ќе дели 26 милиони евра дивиденда – Колку ќе се “офајдат” акционерите?

Објавено

на

Македонски Телеком ќе дели дивиденда од добивката остварена за 2018 година, која овој пат изнесува солидни околу 26 милиони евра. Телекомуникацискиот оператор на акционерите ќе им подели по 18,5 денари по акција. Во сопственичкиот удел на компанијата државата учествува со 34% од акциите со право на глас, a Камени Мост комуникации АД Скопје со 51%, додека пак малцинските акционери заклучно 31.12.2018 имаат удел од 2,7%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange