Connect with us

Форекс

Македонската берза стави 12 компании на „листа на набљудување“

Објавено

на

Новитет на Македонската берза за хартии од вредност е внесување на компаниите коишто котираат на берзата на таканаречена „листа на набљудување“.

Од вкупно 12-те котирани друштва, за 3 компании внесувањето на „Листата за набљудување“ на веб страната на Берзата претставува санкција поради посериозно непостапување согласно Правилата за котација, а за 9 друштва е информација за инвеститорите дека треба да обрнат внимание на одредени специфични ситуации поврзани со нивните хартии од вредност или пак за издавачот.

Внесувањето на котираните друштва на „Листата на набљудување“ се прави согласно член 57, односно 61-а од Правилата за котација, како мерка спрема котираните друштва или со цел обрнување внимание на инвеститорската јавност, респективно.

„Листата за набљудување“, a пред се обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност претставува нов и транспарентен начин за комуникација со инвеститорите на македонскиот пазар на хартии од вредност и тоа поради нивно дополнително информирање дека кај одредена котирана компанија се настанати поспецифични околности што треба да се имаат предвид при донесувањето на инвестициски одлуки за тргување со конкретните хартии од вредност. Обрнувањето на внимание на инвеститорската јавност не претставува санкција спрема друштвото од страна на Берзата, туку воспоставен механизам во интерес на инвеститорите.

Листа за набљудување“ на која се внесуваат издавачи кои котираат на Официјалниот Пазар се воспостави со последните измени и дополнувања на Правилата за котација на Берзата, за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност.

Листата може да ја најдете на следниот линк:

https://www.mse.mk/mk/content/15/9/2020/lista-za-nabljuduvanje

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно