Форекс
Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка во областа на едукацијата


Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза.
Учесници од Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што се портфолио менаџмент, користење на финансиски извештаи, односи со инвеститори, регулаторна рамка на ЕУ за пазарите на капитал, управување со ризици, корпоративни дејства и други.
“Академијата на Загребската берза набрзо ќе ја одбележи 11-годишнината од своето работење, при што повеќе од 10.000 лица посетуваа различни форми на семинари. Денес, Академијата е најголем давател на едукативни услуги од областа на финансиите во Хрватска и во регионот и ние ќе бидеме задоволни да го споделиме нашето знаење со колегите од Македонија. Имајќи ја предвид нашата долгорочна соработка во различни области, можеме уште еднаш да и се заблагодариме на Македонската берза за довербата и веруваме дека овој договор воспоставува долгорочна и плодна соработка во областа на едукацијата“, изјави Ивана Гажиќ, Претседател на Управниот одбор на Загребска берза.
Директорот на Македонската берза, Иван Штериев изјави: “Со потпишувањето на овој договор за соработка, Македонска берза истовремено постигнува две цели: ги збогатува можностите за едукација на заинтересираните домашни субјекти за функционирањето на пазарот на капитал и ја продлабочува стратешката соработка со Загребската берза. Повеќе know-how за пазарот на капитал е суштинска потреба за многумина, од оние кои работат или сакаат да работат во оваа дејност, преку инвеститорите на кои им се неопходни поголеми знаења за да носат поинформирани одлуки до издавачите на хартии од вредност. Преку се поприсутниот модел на on-line едукација, а како резултат на партнерството помеѓу нашите институции, очекувам дека на македонската публика многу брзо ќе и ги понудиме првите обуки“.
Форекс
Откако достигна повеќегодишен максимум, доларот почна да ја губи вредноста во однос на другите валути


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот бележи намалување. (more…)
Форекс
НИТУ НАЈДОБРИОТ ФОНД НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА – Инфлацијата и стравот од рецесија ја стопија заработката на норвешкиот пензиски фонд


Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје