Connect with us

Форекс

Македонската берза заедно со МОН и со КХВ за прв пат го заѕвонија берзанското ѕвоно за финансиска писменост

Објавено

на

Македонска берза од оваа година се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE) како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ (World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions – IOSCO). 
Oваа година „Светската недела на инвеститорот“ трае од 4 до 10 октомври и кон истата се приклучија рекордни 78 берзи кои оваа недела одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, тематски работилници и настани, со цел подигнување на свеста за важноста и неопходноста на финансиската писменост и инклузија и нивното влијание врз животот на луѓето.

По овој повод, денеска  ѕвоното на Македонска берза го заѕвонија Мила Царовска, Министерка за образование и наука, Нора Алити, Претседателка на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

Во рамките на овој настан беше најавено дека Министерството за образование и наука, Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза заеднички работат на креирање на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во средните економски и правни училишта од учебната 2022/23 година. Предметот ќе има теориски и практичен дел, при што во неговиот практичен дел ќе се користи редизајнираната едукативна платформа „Виртуелна берза“ (https://youtu.be/n-c4BUYIbaU), односно on-line платформа развиена од Македонска берза како игра на знаење преку којашто учесниците стекнуваат искуство за тргувањето со хартии од вредност.

Министерката за образование и наука Мила Царовска потенцираше дека развојот на образовниот систем и обезбедувањето на поквалитетна едукација за младите, не е само одговорност на Министерството за образование и наука, туку и на сите општествени чинители – поединци и институции кои се засегнати и можат да помогнат во овој дел. ,,Затоа сум благодарна, што Комисијата за хартии од вредност и Берзата покажуваат иницијатива и се вклучуваат во заложбите за подобри образовни можности за младите во државата.“ – изјави Царовска.

Во оваа прилика Нора Алити, Претседателка на Комисијата за хартии од вредност изјави: „На пазарот на хартии од вредност од неговото основање па се до денес вложувано е многу, создавана е инфраструктура, но воведувањето на изборен наставен предмет кој ќе биде изучуван во формалното образование е навистина траен влог кој се капитализира во продуцирање на најреткиот и на најзначајниот ресурс, а тоа е човечкиот капитал. Затоа, КХВ како регулатор, кој покрај супервизија на целокупното функционирање на пазарот на хартии од вредност со сите негови чинители подеднаква важност и дава и на едукативната функција во чија основа е токму  финансиската писменост. Само добро едуциран  инвеститор  може да биде долгорочен инвеститор, а преку повисоко ниво на финансиска писменост обезбедуваме поголема финансиска стабилност!“ 

„Економските и финансиските навики на луѓето директно го определуваат нивниот животен стандард и квалитет на живеење. Оттука, постои глобален консензус дека сите општествени чинители мора да ги зголемат напорите и да издвојат повеќе ресурси за зголемување на финансиската едукација и писменост. Од гледна точка на берзите финансиската писменост секојдневно станува се побитна со оглед на нагласениот тренд на зголемено учество на физичките лица во тргувањето со хартии од вредност и сите импликации што произлегуваат од тоа. Навистина сме многу среќни што ова сега кај нас е и институционално препознаено и што наскоро ќе бидеме една од ретките земји во регионот што на нашите ученици од средните економско-правни  училишта  ќе им даде шанса навреме да „влезат“ во оваа сложена проблематика.“, изјави Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

„Во името на учесниците во пилот проектот Училишна берза, ученици во СЕПУГС Арсени Јовков, би сакала да се заблагодарам на Македонска берза што ни овозможија реализација на проектот. Учеството во овој проект беше прекрасно и незаборавно искуство. Ги надополни нашите знаења за хартиите од вредност, но научивме и нешто ново за пазарот на капитал, виртуелно тргуваме со хартии од вредност во реално време и по реални цени. Ова за мене беше навистина интересно, поучно искуство кое сакам да се повтори, затоа продолжив со виртуелно тргување преку платформата Виртуелна берза. Ги повикувам сите наши врсници да ја посетат оваа платформа и да се обидат да ги прошират своите знаења од оваа област“, изјави ученичката Тијана Мировска која беше дел од групата ученици од СЕПУГС „Арсени Јовков“ кои доброволно учествуваа во пилот проектот за редизајн на платформата Виртуелна берза.

Форекс

Порасна цената на нафтата поради намалена понуда

Објавено

на

Цените на нафтата се искачија до 86 долари на меѓународните пазари поттикнати од ограничувањата на понудата и послабиот долар што ја засени можната нова аукција на нафта од стратешките резерви на Кина на почетокот на февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Објавено

на

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец декември?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец декември 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно