Connect with us

Форекс

Македонската берза догорочно ги суспендира од котација акциите на издавачот Идевелоп АД Скопје

Објавено

на

Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка.

За времетраењето на долгорочната суспензија од котација издавачот Идевелоп АД Скопје не го губи статусот на котирано друштво, но е должен во односите со трети лица и во јавноста да истакнува дека е долгорочно суспендиран од котација на Берзата. Воедно, за времетраење на мерката долгорочна суспензија, Идевелоп АД Скопје нема постојани обврски за известување согласно Глава VI од Правилата за котација.

За времетраење на мерката долгорочна суспензија, хартиите од вредност издадени од Идевелоп АД Скопје се тргуваат на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, при што за издавачот важат законските обврски за известување за тој подсегмент.

Со донесената Одлука за долгорочно суспендирање од котација се укинува Одлуката од 09.11.2020 година за внесување на Идевелоп АД Скопје на Листата на набљудување и врз основа на тоа издавачот се брише од Листата на набљудување.

Криптовалути

Дигитален долар: Дали Американците ќе добијат нова валута!?

Објавено

на

Дигиталниот долар би можел да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за лесно плаќање, изјави Џенет Јелен, американската министерка за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Инвеститорите “лудуваат” по акциите на Комерцијална банка!

Објавено

на

Акциите на Комерцијална банка со месеци наназад се убедливо најатрактивните акции за инвеститорите на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза: Котација и проширување на котацијата на државни обврзници

Објавено

на

Македонска берза ја известува јавноста дека согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација и проширување на котацијата на државни обврзници, почнувајќи од денес (15.02.2021 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање


Популарно