Connect with us

Останато

Македонија ја издаде шестата еврообврзница со историски најниска каматна стапка од 2,75%

Објавено

на

Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денес издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години и каматна стапка од 2,75%.

Ова е историски убедливо најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници, како одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал. За споредба, каматните стапки на претходно издадените пет еврообврзници се движат меѓу 3,975% и 9,875%.

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над 7 пати повисока од понудата, што претставува еден од најцврстите можни докази на довербата на инвеститорите во стабилноста на Македонија и во исклучително позитивните перспективи на македонската економија. Високата побарувачка овозможи да се постигне  каматна стапка од 2,75% на годишно ниво, односно стапка на принос од 3%.

Како што е предвидено со Буџетот за 2018 година, приливите од евро-обврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, односно за непречено редовно извршување на сите буџетски расходи, како и за отплата на претходните долгови, вклучително и првата рата на PBG-кредитот од 2013 година во износ од 95 милиони евра која доспева на крајот на јануари. Притоа, паралелно со издавањето на евро-обврзницата, Македонија за првпат изврши и делумен предвремен откуп на постоечка евро-обврзница. Поточно, извршен е предвремен откуп на една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра издадена во 2015 година која достасува во декември 2020 и чија што каматна стапка на издавање од 4,875% е значително повисока од каматна стапка на новоиздадената еврообврзница од 2,75%. Покрај каматните заштеди, со предвремениот откуп се намалува долгот кој достасува во 2020 година, односно значително се намалува ризикот од рефинансирање.

Во текот на утрешниот ден предвидена е прес-конференција на Министерот за финансии Драган Тевдовски по повод издавањето на еврообврзницата.

Останато

Хрватски државјанин измамил илјадници српски претприемачи, но не може да биде казнет!?

Објавено

на

Писма и уплатници што деновиве пристигнуваат на адресите на многу компании во Србија, во кои се бара плаќање за одреден деловен регистар до 15.000 динари, испраќа компанијата зад кој стои Кристијан Грубишиќ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Банките перат валкани пари и никому ништо

Објавено

на

Преку најголемите банки веројатно се испрани две милијарди сомнителни долари, пишува главната уредничка на „DW”, Мануела Каспер-Клериџ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно