Connect with us

Останато

Македонија се претстави на најголемата конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Фрешис, Мама Органа, Центар Мајка Тереза, Една прави, Фарма без име, Наша добра земја, се шесте македонски социјални бизниси што добија можност да се претстават во Виена на една од најпрестижните конференции за социјални иновации и импакт-инвестирање во Европа – CEE Impact Day.

Оваа година седми пат во Виена се одржа конференцијата за импакт-инвестирање, која има цел на едно место да ги собере социјалните бизниси што доаѓаат од земјите од Централна и Источна Европа, каде спаѓа што и Македонија, и потенцијалните импакт-инвеститори. На оваа конференција социјалните бизниси и инвеститорите активно учествуваа во многубројните работилници и сесии што се во насока на подобрување и зацврстување на екосистемот.

Акцелераторот за социјални претпријатија Social Impact Lab од Скопје, како партнер на конференцијата, и оваа година испрати шест социјални бизниси на кои интензивно се работеше на подобрувањето на нивните капацитети преку програмите што ги имплементираат во Скопје и во Impact Hub од Виена. Бизнисите се на ниво што подразбира подготвеност за инвестиција и растење на своите бизниси. Ова претставување е овозможено со поддршка на одделот за техничка поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE DF), кои веќе една година активно го поддржуваат социјалното претприемаштво во Македонија.

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Влијанието на вештачката интелигенција врз криптовалутите

Објавено

на

Неодамна, компанијата IBM започна со истражување на тема криптовалути и блокчејн технолофија, што јасно зборува за важноста која една од водечките светски компании им придава на оваа тема. Познат е систем на вештачката интелигенција развиен од IBM под името Watson и кој имал своја примена во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност

Објавено

на

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange