Connect with us

Останато

Македонија има млади иноватори рамо до рамо со нивните врсници во Еврoпа

Објавено

на

Младите иноватори и истражувачи од Македонија може слободно да се носат со нивните врсници од европски земји. Потенцијалот кој Македонија го има во областа на техничките и природните науки е голем. Ова го потврди и 4- та олимпијада на за технички достигнувања на младите од Југоисточна Европа на која основците и средношколците  од Македонија  ги претставија нивните најнови иновации. Она што недостасува е поголемата финансиска поддршка и мотивација младите луѓе да продолжат да работат,  но и да останат во сопствената држава.

,, Има Република Македонија голем потенцијал. Проблеми има секаде има и кај нас. Пред се знаете финансиските проблеми, но добро е што родителите се заинтересирани па доста помагаат . Ние како Народна Техника на Македонија, општинските наши сојузи, сите сме вклучени во изработката на тие проекти. Можам да се пофалам дека имаме и академици кои станале од деца кои биле во Народна Техника, голем е бројот. Сега се професори, доктори, инженери, ги има секаде, но најмногу ги има за жал надвор. Ги имаме на сите универзитети веќе, комуницираме со нив , ги имаме и во НАСА.,, вели Зоран Тодоров – претседател на народна техника на Македонија.

Младите истражувачи и иноватори нивните идеи ги црпат од секојдневието и скоро сите иновации се применливи.

,, Имам направено електронска корпа за е отпад со помош на микро битот кој работи на придвижување. Ги броиме парчињата електронски отпад кои се фрлаат внатре. Исто така имаме и спортски семафор.,, вели Ангела Николова – ученик во Сандо Масев – Струмица.

Од Народна Техника се надеваат на поголема поддршка од сите институции, а веќе започнале преговори за соработка и со фондот за иновации преку кој може да се реализираат идеите на младите луѓе. Во сето ова треба да помогне и новата програма за развој на техничката култура која веќе е готова.

Останато

Од почеток на 2019 година државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Објавено

на

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange