Connect with us

Останато

Македонија е меѓу десетте најсиромашни земји во Европа

Објавено

на

Според светскиот алманах (World Population Review) Македонија е на шестото место на ранг листата на 10 најсиромашни земји во Европа. После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.

Неколку европски земји се многу богати и се меѓу најбогатите на глобално ниво. Сепак, економскиот просперитет во Европа значително варира помеѓу државите. Земјите од Источна Европа, особено оние кои беа значително погодени по падот на Советскиот Сојуз се меѓу најсиромашните и денес“, пишува во алманахот во кој се објаснува дека Бруто домашниот производ (БДП) е една од најважните метрики што се користи за мерење на економското богатство на една земја.

За Македонија во овој преглед пишува дека земјата од 1991 година претрпе драматични економски промени и постепено ја подобруваше својата економија. Трговијата сочинува околу 90% од БДП на земјата. И покрај успешно спроведените политики од властите, Македонија сè уште има висока стапка на невработеност – 16,6%. Во 2020 година БДП по глава на жител во Македонија изнесуваше 5.888 американски долари.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Градоначалникот на Њујорк првата плата ја добива во криптовалути

Објавено

на

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс соопшти дека во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум, пренесува „Ал Џазира Балканс“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Богатството на милијардерите за време на пандемијата се зголеми повеќе отколку во изминатите 14 години

Објавено

на

Двојно е зголемено богаството на десетте најбогати луѓе во светот од почетокот на падемијата со коронавирусот – од 700 милијарди долари на 1,5 илјади милијарди долари, или во просек 1,3 милијарди долари дневно, се наведува во извештајот на невладината организација „Оксфам”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно