Connect with us

Анализи

МАКЕДОНИЈА е земја на фриленсери!

Објавено

на

Што се фриленсери? Наједноставна дефиниција на овој термин претставува луѓе кои работат независно, односно не се во постојан и редовен работен однос, немаат работно место, самостојно ги наоѓаат своите клиенти и можат да работат од било каде и било кога. 

Фриленсерите најчесто се дел од ИТ индустријата. Работата како фриленсер има предности, но и маани. Предностите се голема слобода и повеќе пари, додека основни слабости се нередовните приходи и потрагата по нови клиенти.

Ако некогаш сте размислувале колку фриленсери постојат во светот, во кој сегмент работат најчесто и од кои земји доаѓаат најголем број од нив, на веб сраната analyticshelp.io има целосна анализа на “фриленсерскиот пазар” во светот со наслов “Global Internet Freelance Market Overview for 2018“.

Соединетите Американски Држави (САД) имаат најголем број фриленсери (558.965), од кои 77.677 или 13,90% биле активни во изминатите 3 месеци. На второто место е пласирана Индија со 245.342 фриленсери (од кои 14% биле активни во изминатите 3 месеци), потоа Филипини со 162.233 фриленсери или 25.750 активни во последниот квартал.

Како четвртопласирана земја е Пакистан со 62,442 фриленсери, додека петтопласиран е  Бангладеш со 53,889 фриленсери.

Кога станува збор за фриленсери земјите од балканскиот полуостров се доста популарни. Фриленсерите ги има најмногу во Србија, каде што согласно анализата има 3,52 фриленсери на 1.000 жители.

Потоа следи Македонија со 3,41 фриленсери на 1.000 жители.

Потоа следуваат Јамајка, Ерменија, САД, Црна Гора, Босна и Филипини.

Анализи

Во Македонија регистрирани 8 компании кои нудат “брзи кредити”

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денес во Собранието на Република Македонија ја доби поддршката од пратениците за ограничување на трошоците кои се однесуваат на таканаречените “брзи кредити”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Што ја очекува еврозоната во иднина?

Објавено

на

Од март 2015 година, до сега Европската централна банка купи 2,6 илјади милијарди евра државни обврзници, што е околу 40% од БДП во еврозоната, во обид да им помогнат на европската економија да излезе од глобалната финансиска криза во 2008 година На почетокот, Европската централна банка ги поттикна земјите од еврозоната со 60 милијарди евра месечно за постепено намалување на износот до 15 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во војната помеѓу банките и онлајн кредиторите, ќе победат податоците!

Објавено

на

Онлајн кредитори пристигнаа на сцена во совршено време за Силиконската долина. Излегувајќи од финансиската криза во 2008 година, банките – традиционалните заемодаватели – бавно го разбираа начинот на кој потрошувачите сакаа да пристапат до кредит и беа (разбирливо) неподготвени да преземат ризик. Наместо да се фокусираат на потребите и барањата на потрошувачите, банките беа фокусирани на други прашања: регулаторни предизвици, ограничувања на капиталот и основни технологии изградени во 1960-тите – ненамерно отворање на пар за пораст на интернет-заемодавците. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange