НБРМ
Македонија ги добива првите пластични пари?!


Во тек се подготовките за пуштање на првите пластични пари на македонскиот пазар. Се работи за банкнотите од 10 и 50 денари, кои ќе бидат пластични и кои доколку се се одвива според предвидената динамика, се планира да бидат пуштени во оптек кон крајот на годинава, пишува Вечер.
Лабораториските тестови покажале дека полимерните банкноти се деформираат и топат на температура од 120 степени Целзиусови, што значи дека тие без оштетување можат да преживеат во машините за перење, почисти се и потешки за фалсификување.
Банкнотите од десет и педесет денари или т.н книжни пари, требаше сукцесивно да се повлекуваат од оптек и да се заменат со кованите или т.н. железни пари во апоени од 10 и 50 денари. Од тие причини од 2013 година веќе не се ни печатат книжните банкноти во овие апоени.
Замената на книжни со ковани пари беше од една единствена причина: бидејќи тие се најупотребувани во платниот промет, најбрзо и се изабуваат, па со цел да се намалат трошоците за нивно често печатење, се отиде на замена на банкотите со ковани десетки и педесетки.
Но, според НБРМ кованиците едноставно ги снемува, тие не се враќаат во прометот, туку исчезнуваат. Граѓаните немаат одснот кон железните пари како кон книжните банкноти и ги губат. Од тие причини Народната банка работи на подготовка за пуштање во промет на новите банкноти како први пластични пари во Македонија.
НБРМ
Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања


Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)
НБРМ
Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите


Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)
НБРМ
Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка


Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје