Останато
Маестрален видео мапинг „Поглед во иднината“ претставен на настанот за одбележување 30 години независност на Северна Македонија


Настанот за одбележување 30 години независност на Северна Македонија кој се одржа на 8ми септември пред Собранието на Република Северна Македонија го отслика историскиот референдум на 8 септември 1991.
Еден од настаните кој остави посебен впечаток беше визуелниот – мултимедијален перформанс, видео мапинг на фасадата на зграда на Собранието на Република Северна Македонија во Скопје.
Проекцијата на видео анимација ја претстави македонската традиција и традициите на другите заедници, современото живеење со кое се креира уникатна дигитална транспозиција на минатото во иднината преку деликатно комбинирање на одбрани дела кои го одразуваат мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и интеркултурниот дијалог изразен преку културата, традицијата, уметноста и нивна преобразба преку шпекулативен дизајн кој ги понесе гледачите во една светла, оптимистична иднина која ветува прогрес и стабилност.
Видео анимацијата ги прикажа клучните европски вредности: негата на индивидуалниот и колективниот идентитет, мултикултуралноста, грижата за различностите и интеркултурниот дијалог преку избор на бои, слики и музика кои ќе одразуваат заедниците кои живеат во РСМ.
Визуелните артисти/уметници кои ја сработија оваа видео анимација – мапинг „Поглед во иднината“ се Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски, во координација со маркетинг агенцијата ИН маркетинг.
Галерија:
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје