Домашни банки
Магична прослава на НЛБ Банка по повод десетата награда „The Banker“ за најдобра банка на годината


Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година. Во присуство на голем број гости, соработници и пријатели, во пријатна атмосфера, Претседателот на Управниот одбор г-динот Антонио Аргир и Претседателот на НЛБ д.д. г-динот Блаж Бродњак ги поздравија присутните со прикладен говор и го искажаа своето задоволство за добиеното признание.
„Да се биде Банка на годината во Македонија е огромна чест, но да се биде Банка на годината по десетти пат, покрај чест, претставува и голема одговорност која јас и НЛБ тимот сме подготвени да ја оправдаме и во иднина. За нас, ова признание од The Banker претставува голема сатисфакција и потврда за високиот стандард во работењето кој НЛБ Банка го одржува низ годините” – изјави г-дин Аргир.
На настанот се обрати и г-динот Блаж Бродњак, Претседател на НЛБ дд и Прв човек на НЛБ Групацијата .
„Оваа награда не е важно признание само за НЛБ Банка АД Скопје туку и за целата НЛБ групација. Ова е уште една потврда за нашата визија, да станеме регионален шампион и да се грижиме за финансиските потреби на нашите клиенти додека во исто време влијаеме врз квалитетот на живот во регионот. Во најголем дел, Југоисточна Европа е наш дом. Ние сме единствена финансиска групација од Западен Балкан која е присутна во Словенија и на сите пазари во поранешна Југославија во Западен Балкан. Го говориме јазикот, ги разбираме локалните специфики и менталитет и делиме заедничко минато. Уште поважно е дека, ние сме единствените кои имаат регистрирана централа тука и единствени со ексклузивно стратешко внимание во регионот. Главата и срцето на НЛБ групацијата се тука поради што ние сакаме и ќе направиме сè во наша моќ за да видиме како овој регион расте” – истакна г-дин Бродњак.
За време на настанот присутните уживаа во музичките изведби на диригентот Емин Џијан и неговиот Магичен оркестар.
На 28-ми ноември во Лондон, наградата за Банка на годината во Република Северна Македонија по десетти пат и припадна на НЛБ Банка. Оваа престижна церемонија на која се избираат глобалните и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година е во организација на реномираниот финансиски британски магазин The Banker, публикација на The Financial Times од 1926 година.
The Banker наградите се одржуваат секоја година во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот, каде се доделуваат признанија на врвни финансиски институции.
Домашни банки
Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“


Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава. (more…)
Домашни банки
Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка


Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година


Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје