Останато
Лукаревска: Мерката „Мој ДДВ“ треба да се унапредува, поборник сум да се зголеми прагот на повратот на ДДВ

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседател на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека мерката „Мој ДДВ” треба и понатаму да се унапредува, и посочи дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ.
Според Лукаревска, дури и два отсто да успеале да ја намалат сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен.
„Во повеќе наврати имаме телефонски јавувања, анонимни пријави дека не се издаваат фискални сметки. Некој пат и јавно се објавуваат на социјалните мрежи. Макар и два отсто ние да сме успеале да го намалиме процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен”, рече Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето” на телевизијата Канал 5.
Прашана дали ќе се реализираат најавите за тоа дека поврат што го добиваат граѓаните од 1.800 денари, ќе се зголеми на 2.400, Лукаревска посочи дека се што било ветувано во предизборието ќе се реализира, и оти е најголем поборник да се зголеми овој лимит.
„Мислам дека понатаму ќе треба оваа мерка да се унапредува. Во однос на зголемувањето на тој праг од 1.800 на 2.400 денари, секако дека самата пандемија ги измести сите ичекувања, но се она што било ветувано во предизборието, секако дека ќе биде реализирано. Јас ќе бидам најголем поборник да го зголемиме лимитот”, додаде таа.
Во однос на оние фирми кои за врема на пандемијата минатата година земаа државна помош, а не ги исплатија платите на работниците, Лукаревска рече дека дел од контролите кај овие фирми уште траат, и оти секоја потребна документација ја доставиле до Основното јавно обвинителство.
„Во нашиот дел она што беше во законот за финансиска помош за работодавачите во време на ковид криза, ние тие контроли ги завршивме. Спроевдени се и уште траат дел од конторлите кај компаниите, но овој пат од даночен аспект го контолираме нивното работење, со тоа што утврдивме и таму одредени неправилности. Се она што беше како документација од наша страна, ние го доставивме до Основното јавно обвинителство за да постапува”, посочи директорката на УЈП.
Како што рече, секој оној кој што го злоупотребил законот, треба да сноси соодветна кривична одговорност.
Прашана за претстојните избори, Лукаревска изјави дека очекува СДСМ да биде победник на претстојните избори и го има најдоброто за државата.
„На последната седница на Извршниот одбор беа утврдени 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, во наредниот период ќе се затворат уште неколку општини со потврдени кандидати и некаде до крајот на август ќе ја имаме целосната понуда. Наше е да ја изработиме кампањата, да го дадеме најдоброто за нашата општина, како што го правиме во целиот овој период”, посочи Лукаревска.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер