Останато
Лукаревска: Доколку вработените по Рамковен договор кои се распоредени во оваа институција не покажат резултати во работењето, тогаш ќе мора да се збогуваат со нив


Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вечерва за Телевизија 24 изјави дека доколку вработените по Рамковен договор кои се распоредени во оваа институција не покажат резултати во работењето, тогаш ќе мора да се збогуваат со нив.
„Сите кадри кои се во УЈП се во рамки на нашата систематизација која ја променивме за да можеме да ги примиме. Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме. Ако не покажат резултати, ќе мора да се поздравиме соодветно затоа што никој директор кој си ја сака институцијата и работи совесно и чесно, не би сакал да има дамки во своето работење”, рече Лукаревска.
Прашана за одлуката на поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, кој одби да прими вработени по Рамковен поради несоодветно образование, Лукаревска рече дека тоа е негова лична одлука и дека тоа е за респект. „Ситуацијата во институцијата која ја водам е поинаква и ние имаме недостиг на кадар”, рече Лукаревска,
Пауновски, кој исто така беше гостин во емисија на телевизија 24, рече дека не можел да ги прифати понудените кадри затоа што имале несоодветно образование, а не затоа што биле Албанци.
Не се работи за пркос, рече Пауновски, само ја барав правдата и ја штитев институцијата. Разрешувањето, како што посочи, не го гледа како казна.
Рече дека ќе и се извини на јавноста и ќе ѝ честита на новата в.д директорка доколку може да ги прими 35-те лица, кои се распоредени за вработување.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје