Connect with us

Останато

Лоши вести за секој што користи мобилен телефон

Објавено

на

Кинеската технолошка компанија „Huawei“ објави дека одлуката на британската влада да ја отстрани опремата на „Huawei“ од системот на британската мрежа 5Г е „разочарувачка“.

Кинеската компанија изјавила дека тоа „ќе ја стави Велика Британија во бавна дигитална лента и ќе го зголеми продлабочувањето на дигиталните разлики“.

„Оваа разочарувачка одлука е лоша вест за секој во Велика Британија што користи мобилен телефон“, изјави портпаролот на „Huawei“ во Велика Британија, Ед Брустер.

Во исто време, тој и предложи на британската влада да ја преиспита одлуката.

„Веруваме дека новите ограничувања на САД за „Huawei“ нема да влијаат врз проширувањето или безбедноста на производите што ги доставуваме во Велика Британија“, рече Брустер.

Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека се спротивставува на одлуката, потенцирајќи дека оваа одлука на Велика Британија е неоснована, пренесува „BBC“.

Портпаролот на кинеското Министерство Хуа Чунинг изјави дека Пекинг ќе преземе мерки за зачувување на „легитимните интереси“ на кинеската компанија.

„Велика Британија користеше неосновани ризици како изговор за соработка со САД во кршење на релевантните обврски што ги презеде. Сите одлуки и потези ќе бидат платени“, се закани таа.

Кинескиот амбасадор во Велика Британија Лиу Ксијаоми изјави дека одлуката не само што е разочарувачка, туку и застрашувачка.

„Начинот на кој се однесувате кон „Huawei“ ќе биде многу внимателно набљудуван од другите кинески компании“, рече тој.

Останато

Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

Објавено

на

Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економија вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Се очекува следната година да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

Објавено

на

Растот за 2021 година првично се очекува да биде 4,8% од БДП, согласно основното сценарио. Следната година се очекува да биде година на економско опоравување, иако појдовната основа за растот од 4,8% ќе биде пониска од претходната година, вели во интервју министерот за финансии, Фатмир Бесими за Економски магазин на телевизија Алсат-М. Тој посочува и дека кризата предизвикана од коронавирусот е од многу поголеми размери во однос на светската финансиска криза од 2009 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими – Арсовска: Со инклузивен процес до решенија за излез од кризата

Објавено

на

Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно