Странски банки
Лондонската компанија „Schroders Plc” го зголеми својот удел во НЛБ банка

Лондонската компанија „Schroders Plc” го зголеми својот удел во словенечката Нова Љубљанска банка (НЛБ) на 5,108%, соопшти банката.
Нова Љубљанска банка (НЛБ) ова го објави во кратко соопштение на Љубљанската берза, без да се утврди големината на уделот на „Schroders Plc” пред промената.
Нова Љубљанска банка (НЛБ) соопшти дека компанијата „Schroders Plc” ја известила за промената на 1-ви јуни. Трансакцијата што резултираше со зголемено учество на лондонската компанија во словенечката НЛБ се случила на 29-ти мај.
Според податоците за најголемите акционери прикажани на веб-страницата на Нова Љубљанска банка (НЛБ), „Bank of New York Mellon” контролира 60,92% од капиталот односно поседува 12.184.681 акции, а потоа следува словенечката влада која поседува 5.000.001 акции или 25% од сопственоста на Банката. Со новата аквизиција „Schroders Plc” во моментов поседува 5,108% од вкупниот капитал, а во структурата на најголеми акционери се и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), „Brandes Investment Partners, L.P.”, како и неколку помали акционери.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер