Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Лондонската берза најави голем број откази поради Брегзит

Објавено

на

Лондонската берза најави дека ќе отпушти 250 работници оваа година, во согласност со подготовките за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Одлуката за отпуштања, чија цел е остварување на годишна заштеда од 30 милиони фунти, ја соопшти новиот директор на берзата Дејвид Швимер, кој ја презеде функцијата во август минатата година.

“Ние сме многу добро подготвени за сите сценарија на Брегзитот. Очекуваме дека можностите за раст на меѓународно ниво ќе ги неутрализираат можните неповолни трендови на пазарот во 2019 година”, изјави Швимер.

Лондонската берза, како што е соопштено, сепак, нема да може да ја оствари целната профитна маржа за оваа година од околу 55%, со оглед на планираното капитално трошење.

“Отпуштањата ќе ги зафатат сите делови на бизнисот, а ќе се фокусираме на намалување на двојните работни места”, додаде Швимер.

Останато

Јовановиќ: Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Објавено

на

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, се огласи по повод промената која ја најави премиерот Зоран Заев за смената на Министерот за финансии, Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот?

Објавено

на

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Вчера во Битола се отвори нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР” Инвестиција вредна 5,5 милиони евра

Објавено

на

Вчера во Битола СН Осигурителен Брокер АД Битола отвора нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР”, единствен од ваков тип на територијата на Битола и околината. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange